Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес изјави дека Русија ја продолжува војната, игнорирајќи ги меѓународните апели за запирање на насилството и уништувањето, и дека поради ноќниот напад на руски беспилотни летала врз цивилната инфраструктура, повеќе од 100.000 домаќинства останаа без електрична енергија во неколку области низ земјата.
„Потребни се нови чекори и дополнителен притисок врз Русија за да се запрат нападите и да се гарантира вистинска безбедност“, рече Зеленски.
Според украинскиот претседател, речиси стотина беспилотни летала ги нападнале регионите Полтава, Суми и Чернихив, што предизвикало прекини во снабдувањето со електрична енергија, пренесува Укринформ.
Зеленски: Русија ја продолжува војната, ги игнорира апелите за запирање на насилството и уништувањето