Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес во Брисел изјави дека сегашните фронтовски линии во војната на неговата земја против Русија треба да бидат основа за мировни преговори.
„Ни требаат вистински преговори, што значи дека можеме да почнеме таму каде што е сега фронтовската линија“, рече Зеленски, додавајќи дека европските лидери го поддржуваат тоа, пренесува Ројтерс.
Зеленски го повтори својот став дека е потребно да се воспостави прекин на огнот за да се преговара за конечен договор.
Зеленски: Сегашните фронтовски линии во војната треба да бидат основа за преговори