Гардеробата на Володимир Зеленски е една од темите за која се коментира во јавноста последните недели.
Додека војната во Украина се разгорува, а Путин излегува на сцена во јакна од 14.000 долари, на социјалните мрежи не остана незабележано дека претседателот на Украина дојде во Буча со патики од 50 долари.
Целиот свет може да забележи дека од почетокот на војната во Украина, Володимир Зеленски ја отфрли класичната униформа на политичарите – скапи и темно сини костуми, бели кошули и вратоврски.
Zelensky in Bucha.
This is a REAL leader 🇺🇦🙌#Ukraine #NATO #Zelensky pic.twitter.com/IsUuOtIbiT— Jose Hndz (@JoseNasa) April 4, 2022
Наместо тоа, Зеленски во јавноста се појавува само во маслинесто зелени нијанси. Во таква гардероба тој комуницира со шефовите на држави и им се обраќа на пратениците во Европскиот парламент.
Модниот критичар и моден директор на „Њујорк тајмс“ истакна дека Зеленски станал симбол на силата и патриотизмот на украинскиот народ и верува дека претседателот изгледа сака да укаже дека е обичен човек кој е благодарен на украинските вооружени сили за нивната жртва.
Како што посочува, Зеленски на овој начин јасно ја изразува својата солидарност со народот, а не си ги припишува заслугите на војниците, фалејќи се со целосна воена униформа.