Зеленски: Украина не може да биде исплашена од руски ракетни напади

Претседател Володимир Зеленски денеска увери дека неговата земја не може да биде заплашена од масовните руски ракетни напади, кои оштетија важна енергетска инфраструктура и однесоа најмалку 11 животи, пренесе Франс прес.

„Украина не може да се заплаши. Само уште повеќе обединети .

Украина не може да се запре“, рече Зеленски во емотивното видео обраќање споделено на социјалните мрежи и снимено од местото на еден од руските ракетни напади на раскрсницата меѓу улицата Володимирски и булеварот Шевченко. Украинскиот претседател вети „уште побрутални“ борби за руските сили на фронтот.

Зеленски објави дека телефонски разговарал со американскиот претседател Џо Бајден за снабдување со системи за противвоздушна одбрана по масовните руски ракетни напади, објави Ројтерс.

„Имав плоден разговор со американскиот претседател Џо Бајден “,

Украинскиот претседател напиша во Телеграм, додавајќи: „Главната тема на нашиот разговор беше противвоздушната одбрана. Во моментов ова е врвен приоритет на нашата одбранбена соработка“.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното