Земете си чадор: Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време, чести електрични празнења, силен ветер и услови за појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени. УВ=7.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе биде нестабилно со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне 30 степени.

Во вторник ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Локален развој на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер ќе има претежно во планинските подрачја. Од среда следува стабилизирање на времето.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното