Земјотрес го погоди црногорското приморје

Земјотрес со јачина од 3.6 степени го погоди црногорското приморје, а најмногу се почувствувал во Будва и во Херцег Нови.

Како што јави сеизмолошкиот завод во Црна Гора, епицентарот на земјотресот бил седум километри североисточно од Крушовице, а бил регистриран нешто после 15 часот.

Заводот соопшти дека засега не се регистрирани материјални штети, а истиот бил почувствуван и во Хрватска, особено во Дубровник.

Извор: ТВ21