Земјотрес со интензитет од 3,4 степени според Рихтеровата скала е регистриран во понеделник, 15 септември, во 08:01 часот, во Бугарија.
Земјотресот е регистриран на 57 километри од Бургас, известува EMSC.
Хипоцентарот на земјотресот, според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 16,8 километри под површината на земјата.
Досега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат состојбата.