Балкан

Земјотрес од 4,1 јачина кај грчкиот остров Крит

Земјотрес од 4,1 јачина кај грчкиот остров Крит

Слаб земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала е регистриран оваа ноќ во морето кај грчкиот остров Крит, јавува грчкото издание Катимерини.

Епицентарот на земјотресот бил на 37 километри северо-североисточно од селото Неаполи во префектурата Ласити на островот Крит.

Во истото подрачје 16 часа претходно беше регистриран уште еден земјотрес со јачина од 4,2 степени.

Во моментов нема извештаи за штети од земјотресот.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни