Свет

Земјотрес со интензитет од 6,9 степени го погоди островот Кермадек во јужниот Пацифик

Земјотрес со интензитет од 6,9 степени го погоди островот Кермадек во јужниот Пацифик

Земјотрес со интензитет од 6,9 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди регионот на островот Кермадек во јужниот дел на Пацификот, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).

Ненаселените острови Кермадек му припаѓаат на Нов Зеланд.

Земјотресот бил на длабочина од 150 километри.

Американскиот систем за предупредување од цунами соопшти дека по земјотресот немало предупредување за цунами.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни