Свет

Земјотрес со јачина од 5,5 степени го погоди Перу

Земјотрес со јачина од 5,5 степени го погоди Перу

Земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска во централниот дел на Перу.

Според достапните податоци, епицентарот на потресот бил лоциран на 131 километар југоисточно од градот Куско.

Хипоцентарот на земјотресот, според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓал на длабочина од околу 103,2 километри под површината на земјата.

Засега нема информации за материјална штета или повредени лица, а надлежните служби ја следат состојбата.

Ноќно студио

Најнова епизода

Герасимовски за „Барутана“, „Треска“, Платформа 12:05 и поделбите во СДСМ | Ноќно студио 20.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни