Десетици луѓе се повредени во земјотрес со јачина од 6 степени што го погоди островот Сулавеси во централниот дел на индонезискиот архипелаг рано утрово, објави Националната агенција за борба против природни катастрофи (BNPB).
Земјотресот што се случи на длабочина од 10 километри го потресе регионот Посо, но беше почувствуван и во блиските области, пренесува Ројтерс.
„Дваесет и девет лица се повредени, од кои двајца потешко. Досега нема извештаи за смртни случаи“, наведе агенцијата BNPB во официјално соопштение.
Земјотрес со јачина од 6 степени во Индонезија, повредени околу 30 лица