Земјотрес е регистриран во 21:05 часот во Босна и Херцеговина, а бил почувствуван и во дел од Хрватска.
Како што соопшти ЕМСЦ, по коригирањето на првичните податоци, јачината на земјотресот е 4,5 степени, а епицентарот е недалеку од Столац во Херцеговина.
Земјотресот е почувствуван и во Далмација, особено во јужниот дел.
„Мал динамит“, „Добро се тресеше“, „Мокошица… добро се затресе“, „Дубровник убаво се затресе“, „кратко, но силно“, објавија на веб-страницата ЕМСЦ луѓето од југот на Хрватска.