Во Македонија претпладнево е почувствуван земјотрес, но засега нема информации за неговата јачина.
Граѓаните известуваат дека го почувствувале потресот на различни локации, но не се пријавени штети или повреди.
Се очекуваат дополнителни информации од Сеизмолошката служба, која ќе објави детални податоци за јачината и епицентарот на земјотресот.
Граѓаните се повикуваат да останат смирени и да ги следат официјалните соопштенија од надлежните институции.
