Земјотресот од Албанија се почувствувал и во Македонија

Три земјотреси вечерва ја погодија Албанија, а последниот со јачина од 4,4 степени беше почувствуван и во југозападните делови на Македонија – Охрид и Струга, но со послаб интензитет.

Според првичните податоци, епицентарот бил во близина на Елбасан и Тепелена, на длабочина од околу 10 километри.

Нема информации за штети или повредени лица.