Зголемен интерес за градење: Во август издадени 280 одобренија за станови и објекти

Во август годинава се издадени вкупно 280 одобренија за градење, што претставува зголемување од 1,8 отсто во однос на истиот месец лани. Најголем дел од одобренијата, 179, се за високоградба.

Според податоците на Државниот завод за статистика, најмногу одобренија во август биле издадени во Југоисточниот регион (61), следи Полошкиот со 60, а Скопскиот со 46 одобренија. Во рамки на овие проекти, се предвидува изградба на 646 станови.

Предвидената вредност на објектите изнесува 5,24 милијарди денари, што е за 8 проценти повеќе во споредба со август лани.

Од вкупниот број одобренија, 179 (63,9%) се за високоградба, 31 (11,1%) за нискоградба, а 70 (25%) за реконструкција на постоечки објекти. Инвеститори се главно физички лица – 166 (59,3%), додека 114 (40,7%) се деловни субјекти.

Предвидените 646 станови имаат вкупна корисна површина од 64.251 метар квадратен, што е зголемување од 21,7 проценти во однос на бројот на станови и 22 проценти во однос на корисната површина во споредба со август лани.

Во регионален пресек, најмногу станови ќе се градат во Југоисточниот регион – 267, потоа во Југозападниот – 232, Полошкиот – 58, по 30 во Скопскиот и Пелагонискиот, 22 во Вардарскиот, седум во Источниот, додека во Североисточниот регион нема предвидени станови за изградба.

Читај и ова:

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.