Зголемени водостои на повеќе реки, можни излевања!

На повеќе водотеченија во земјата денеска е регистрирано зголемено ниво на реките во однос на просечните вредности за месец декември, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Надпросечни водостоји се измерени на Пчиња кај Катлановска Бања, на Вардар кај Јегуновце, Скопје, Велес и Демир Капија, како и на Треска кај Македонски Брод. Зголемувања има и на Црна Река кај Новаци, на Црн Дрим кај Ложани и на Сатеска кај Ботун.

Истовремено, нивото на Охридското, Преспанското и Дојранското Езеро се движи во рамки на просекот за овој дел од годината, покажуваат денешните мерења.

Според временската прогноза на УХМР, утре се очекуваат локални врнежи од дожд, кои ќе бидат во опаѓање во текот на попладневните часови. Кон крајот на неделата ќе следува период на претежно стабилно време со постепен пораст на дневните температури. Во одделни котлини е можна појава на утринска магла, која ќе услови постудени услови во тие региони.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и слаб до умерен северен ветер.