Изградбата на двата недовршени објекти кај Ректоратот на УКИМ, кои се стопирани повеќе од една деценија, ќе продолжи откако ќе биде избран нов проектант и изведувач.
Министерството за образование и наука соопшти дека веќе завршил рокот за аплицирање на тендерот за репроектирање, изработен според анализа на стручен тим од неколку факултети на УКИМ и ИЗИИС.
Главната промена во новиот план е што двата објекта ќе му бидат доделени само на ФИНКИ, бидејќи претходното решение не ги задоволувало потребите на ниту еден факултет.
Објектите ќе го задржат постојниот габарит, но нема да имаат барокна фасада.
Предвидено е прераспоредување на внатрешноста, нови инсталации и топла врска меѓу двете згради.
За Факултетот за физичко образование се планира изградба на посебен објект на неговата сегашна локација.
