На семејствата чии станови беа целосно изгорени или пак оштетени во пожарот на колективната станбена зграда, општина Гевгелија им обезбеди времено сместување и им додели еднократна парична помош во висина на едномесечна просечна плата која им беше исплатена уште во текот на вчерашниот ден, рече градоначалникот Сашо Поцков.
Еднократната парична помош им е исплатена и на станарите од петтиот кат на зградата кои се повеќе или делумно оштетени при интервенцијата на пожарникарите.
Средба со оштетените станари оствари и претседателот на општинскиот Совет, Ташко Дојчинов на која беше договорена акција за расчистување на опожарените станови во која ќе бидат вклучени комуналните работници и хумани граѓани.
Претходно ЈПКД „Комуналец“, ќе изврши контрола на водоводната мрежа, а ЕВН најави дека ќе изврши приклучување на електричната енергија во зградата.
