Пејачот Жак Ходек ја сподели тажната вест со своите следбеници на Фејсбук. Тој ја сподели својата евровизиска песна „Мој пријател“ и откри како ја пеел на погребот на еден млад човек.
– Моќта на музиката е безгранична… Не придружува во сите животни ситуации, од раѓање до смрт… Моментите на најголема среќа и оние на целосна безнадежност се придружени со музика… Дава верба, смисла, буди најдлабоки емоции, боли, љуби… Влијае… – напиша Жак.
– Кога ја напишав оваа песна, не мислев дека еден ден ќе ја искористам за придружба на едно младо суштество на пат до вечната димензија… Денеска ја изведов над гробот на едно момче кое допрва требаше да зачекори во животот… Тоа беше неговата последна желба; Мојот пријател – омилена песна… Некои стихови ги објаснува животот, некои се испратени од Бога да бидат сила на луѓето во најтешките моменти… – изјави пејачот.