Жан Митрев Клиника: Загуба од 3.517 евра по операција за пациенти на Фондот

Со секоја операција што ја правиме кон осигурениците на Фондот, клиниката Жан Митрев прави загуба од 3.517 Евра во просек и тоа мора да го дополнува со средства, кои ги остварува од приватни пациенти. Загубата што ја правиме со работата од Фондот за здравствено осигурување само за минатата 2024 година е повеќе од 4 милиони евра. 

Тоа значи, дека само минатата година, од она што сме го заработиле од приватни пациенти за услуги, кои не се под ФЗОМ, сме го субвенционирале Фондот со 4 милиони евра, за да ги исполниме обврските, кои сме ги преземале со договорот и да не ги оставиме пациентите непомогнати во животно загрозувачката состојба во која се наоѓале. 

Жан Митрев Клиника бара да дојдат од  надлежните финансови институции и да утврдат дали е можно да се прави „бизнис“, како што некои тврдат, со овие цени кои се од Фондот за здравствено осигурување.