Жена и осумгодишно дете повредени во сообраќајка во Кочани – возач (29) удрил во нив со „мерцедес“

На 11 април 2025 година во 07:34 часот, во Полициската станица Кочани била пријавена сообраќајна несреќа на улицата „Стево Теодосиевски“ во Кочани, во која патничко возило „Мерцедес“ со кочански регистарски ознаки, управувано од Н.К. (29), удрило во двајца пешаци – С.М. (64) и осумгодишно дете, и двата од Кочани.

Според информациите од полицијата, во несреќата С.М. се здобила со тешки телесни повреди кои биле констатирани во Клиничката болница во Штип, додека малолетното лице добило телесни повреди и било згрижено во Општата болница во Кочани.

За настанот бил известен надлежен јавен обвинител, а увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Кочани. Се работи на целосно расчистување на случајот.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното