Руан Аткисон, британски комичар и актер надалеку познат како Мистер Бин, пред извесно време го запали светот со скандал од приватниот живот – пронашол 26 години помлада партнерка додека бил во брак!
Култниот Мистер Бин се оженил со Сунетра Састра во 1990 година, со која се запознал во 1980-тите кога таа работела како шминкерка на телевизијата Би-Би-Си. Имаа две деца, а пред неколку години објавија дека се разведуваат – поточно британските медиуми објавија дека Руан бил во тајна врска со актерката Луиз Форд (41).
Скандалот бил уште поголем, бидејќи споменатата актерка е 26 години помлада од него.
„Сунетра беше длабоко вознемирена бидејќи беше заменета со толку помлада жена“, изјави тогаш непознат извор за Sun.
После тоа брзо се разведоа, рочиштето траеше само 65 секунди, а разводот беше потврден од судот врз основа на наводното „неразумно однесување“ на Аткинсон, иако на суд не беа дадени примери за истото.
На рочиштето не присуствуваа ниту Руан, ниту Сунетра, кои поднесоа барање за развод.
Неговата ќерка Лили толку многу му замерила на својот татко што ја оставил мајка и, а колку била повредена говори и фактот што се решила на драстичен чекор, па го сменила презимето, од Аткисон во Састра, презимето на нејзината мајка.
Неговата сопруга добро се снајде по разводот, па остана во луксузен хотел во Лондон, проценет на 21 милион фунти, додека Руан се пресели во викенд куќа вредна само четири милиони фунти, пишува „Мондо“.
Аткинсон е еден од најбогатите актери во Велика Британија, со проценето богатство од 70 милиони фунти.
