Поранешниот градоначалник Андреј Жерновски денеска откри дека е отповикан од должноста амбасадор на Македонија во Романија,
Како што вели, одлуката ја дознал преку Службен весник.
„Уште не можат да ги преболат трите круга и поразот во Центар. Од објава во Службен Весник дознав дека сум отповикан од должноста амбасадор на нашата земја во Романија, без никаква претходно добиена информација, што е спротивно на основните процедури пропишани во Уставот и Законот. Трагикомично! По 192 дена откако ме вратија на “консултации” во државата, при што брутално е погазен Законот за Надворешни работи, оваа одлука ја дознав сосема неофицијално. Очигледно, партиското резонирање повторно е посилно од законите и дипломатијата“, пишува тој.