Македонија

Жешкиот бран продолжува: Викендов сонце и температури до 40 степени

Жешкиот бран продолжува: Викендов сонце и температури до 40 степени

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 31 до 39 степени.

Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотраен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. T=38°C. P=979hPa. U=30%. V=3m/s. UV index=9.

До понеделник времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Особено топло ќе биде во деновите од викендов кога дневната температура локално ќе достигне 40 степени. Во вторник се очекува нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во среда ќе дува засилен северен ветер, а температурите ќе опаднат за неколку степени.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни