4NEWS.mk

Жестока бура татнеше низ Германија: Ветер ги корнеше дрвјата и далекуводите како да се чкорчиња

Поради силната бура кој коренеше дрвја и далекуводи во јужните и централните делови од Германија во прекин е железничкиот и патниот сообраќај.

Операторот на германските железници Дојче Бан соопшти дека се одложени повеќе од 10 меѓуградски возови, вклучувајќи ги и оние за Швајцарија и Франција.

Поради лошото време, од аеродромот во Франкфурт синоќа се откажани 41 лет, додека 8 авиони се пренасочени.

Неколку луѓе се повредени во Офенбах, каде силниот ветер носеше делови од фасади.



Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ацо Ристов, претседател на РКЕ 01.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни