Жичницата на Водно привремено е ставена вон функција поради неповолни временски услови, информира ЈСП Скопје.
Од Јавното сообраќајно претпријатие соопштија дека одлуката е донесена поради засилен ветер и врнежи од дожд, при што брзината на ветерот ги надминува дозволените безбедносни граници за работа на жичницата.
„Поради дожд и засилен ветер, кој ги надминува дозволените безбедносни граници, жичницата е ставена вон функција“, велат од ЈСП Скопје.
Надлежните служби ја следат состојбата на терен, а штом временските услови се стабилизираат и се создадат услови за безбедно функционирање, жичницата повторно ќе биде пуштена во редовен сообраќај.
Од претпријатието апелираат до граѓаните за разбирање и трпение додека трае прекинот.
