Филмот „Враќањето на Жикината династија“ во режија на Милан Коњевиќ ќе има премиера на 2 декември во Сава Центарот, како продолжение на култната филмска серија „Луди години“ што го одбележа растењето на бројни генерации, објавија денес дистрибутерите.
Како што е наведено, филмот „Враќањето на Жикината династија“ ја следи приказната за Миша Павловиќ, кого сè уште го игра Никола Којо, а чии љубовни и животни проблеми внимателно ги следат фрау Елза, која ја игра Весна Чипчиќ, и таткото Боба, кој го игра Владимир Петровиќ.
„Главната приказна го следи Миша, кого го посетуваат неговите синови, кои долго време не ги видел, бидејќи живеат со Наташа во Москва, но кога пристигнуваат момчињата кои ги носат имињата на нивните прадедовци – Жика и Милан, започнуваат нови „луди години“, полни со смеа, авантура, но и семејни вредности“, беше нагласено за филмот.
Улогите ги толкуваат и Данијела Димитровска, Срѓан Тимаров, Младен Совиљ, Јово Макшиќ, Гала Виденовиќ и Слободан Бода Нинковиќ. Тука се и Љиљана Стјепановиќ, Милена Предиќ, Тамара Радовановиќ, Мина Ненадовиќ, Катарина Вељовиќ, како и младите актери Никола Бруно и Гаврило Иванковиќ.
Сценариото го потпишува Милена Марковиќ, додека продуценти на филмот се Милан Тодоровиќ, Огњен Ракчевиќ, Горан Пековиќ и Јован Марковиќ, продуцирани од Talking Wolf Productions, Olimp Production и FIT.
Филмот е снимен со поддршка на Филмскиот центар на Србија и платформата Аполон, а театарската дистрибуција и е доверена на Арт Виста, се вели во соопштението.