Breaking Најмалку 39 загинати во судирот на возови во Шпанија, два вагона паднале во насип
Македонија

„Живееме како заложници во сопствените домови“, велат жителите на Капиштец жалејќи се од музиката која ечи од „Интермецо“

„Живееме како заложници во сопствените домови“, велат жителите на Капиштец жалејќи се од музиката која ечи од „Интермецо“

Жителите на скопската населба Капиштец тврдат дека веќе две децении живеат под постојан стрес и нарушен мир поради работењето на кафе-барот „Интермецо“. Според нив, ова кафуле е извор на бучава, хаос и чувство на небезбедност.

Граѓаните нагласуваат дека музиката која се пушта во локалот пречекорува дозволените граници. „Наместо мирен живот, сме принудени да живееме како заложници во сопствените домови, без можност за одмор”, велат тие. Проблемите не се само на прегласната музика, туку и на колапсот на паркирањето, уништување на имот, вандализам и чести тепачки.

Иницијативата „За пристоен Капиштец“ алармираше и испрати писмо до медиумите, прикажувајќи видео-снимки од бучавата од локалот. Жителите истакнуваат дека и покрај честите пријави до полицијата, проблемот не се решава. „Наместо трајни решенија, следат жалбени постапки, а „Интермецо“ продолжува да работи несметано,” додаваат тие.

Жителите на Капиштец се определуваат за итни инспекциски контроли и покривање на бучавата, како и поголемо полициско присуство во населбата. Тие бараат системско решение кое конечно ќе стави крај на долгогодишниот проблем.

Граѓаните наведуваат дека долгогодишното непостапување од страна на надлежните институции создава опасна пракса во која законите важат селективно. Тие упатуваат повик до властите да се занимаат за проблемот, бидејќи интересот на еден угостителски објект не може да биде над основните човекови права на стотици жители.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио за изборите во Србија и Бугарија со Синиша Пекевски, Игор Бесермењи и Румен Скрински

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни