Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) денеска издаде жолто ниво на предупредување од поплави, кое означува потенцијална опасност од излевање на речните корита.
Според хидроаларм-картата за 27 ноември 2025 година, повеќе региони низ државата се означени со жолта боја, што укажува на зголемен ризик поради пораст на водостоите. Во овие подрачја потребна е зголемена внимателност и следење на состојбата на терен.

УХМР апелира граѓаните и институциите да бидат подготвени за можни брзи промени во водостоите, особено на чувствителните речни сливови.
Надлежните служби остануваат во готовност и ќе ја следат состојбата во текот на денот.