Сопругата на починатиот Игор Југ, Ивана, ја изрази својата огромна болка преку статус на социјалните мрежи.
„Претешка е судбината на тие кои за семејство ја сметаат татковината. Вистинското семејство е на маргините на болка, жал и голгота! Ако требало да се плати, нека тој биде последната жртва, а ние последното семејство кое ќе остане да се радува на секоја една слика. Игор Југ човекот кој ме научи на многу работи. Најтешката до пред два дена беше да живеам без него, скоро осум години.
За да на крај и навистина си замине засекогаш… Знам и најдобро од сите го познавам, душата нема да му се смири се додека оваа неправда не биде решена!!!
Тие што беа рамо до рамо со него се сведоци на онаа голгота која на сите до еден ни ги смени и уништи животите. Системот ги убива полека и тивко. Народ… Жеден за сензитивни вести и статуси по фб од тастатура се мрднува, верувајќи на збор. И зборот остана до ден денес само празно ветување!!!
Помешани мисли, склопувам коцки во глава и не знам каде погрешивме… Една реченица да ме послушаше сега уште ќе беше меѓу нас…. Денес ми е уште потежок ден од вчера, самото соопштување на Катарина за прераната смрт на нејзиниот татко е најтешкиот дел за мене. Не дека останатите ми се лесни, но овој ме уби и мене!
Се договоривме нашиот татко е најсветлата ѕвезда на небото. Не чува од таму некаде далеку, пази и не дозволува да ни е лошо. За да не ни е лут – нема да плачеме од утре, освен денес. Нека ни прости тато!!!
Ние на него никогаш нема да му простиме, што не остави и си замина!!! Го видовме на небото и го искаравме. Му пративме бакнежи и молби да не чуваат со бато Мартин…. Да тоа е мојата Катарина. Толку мала, а многу позрела од возрасните. Толку слаба, а сепак посилна од самата судбина…“, напиша таа.