Зошто да избегнувате кафе со млеко?

Голем дел од луѓето не можат да си го замислат почетокот на денот без кафе, а добар дел од нив, поради страв од пиење јако кафе на празен стомак, го „разблажуваат“ со млеко, несвесни за опасноста којашто им се заканува.

Многумина сакаат да го „густираат“ своето кафе со часови, додека седат и работат на компјутер. Но, стоматологот Хајди Хакет верува дека нив може да ги „демне“ зголемен ризик од настанување кариес.

Имено, хроничната изложеност на лактоза (млечен шеќер) го забрзува настанувањето на бактерии во устата. За нив, популарниот пијалак за расонување делува како гориво, потребно за конверзија. Ова го докажува и фактот дека со популарноста на белото кафе, зголемен е бројот на кариес во последните пет до седум години.

Според лекарите, кариесот генерално е предизвикан од стрептококус мутанс, бактерија кога го конвертира шеќерот и јаглените хидрати во киселина. Киселината ја кородира забната глеѓ, што предизвикува создавање на кариес.

Стоматолозите препорачуваат 15-минутно пиење на шолја кафе со млеко. Ако оваа „процедура“ се развлече на еден час или повеќе, консументот нема да може да ги избегне проблемите со забите, бидејќи бактериите цврсто ќе се фиксираат врз нив.

Но, доколку уживате во вашето кафе подолго, тогаш се препорачува после секоја голтка кафе со млеко, да се напиете и голтка вода која ќе ги неутрализира киселините. Од друга страна, од помош се и гумите за џвакање без шеќер кои го стимулираат лачењето на плунка што ја чисти устата и ја намалува киселоста.