Варените јајца навидум се лесни за подготовка, но во зависност од видот на жолчката што ја претпочитате, времето за готвење варира. Меѓутоа, италијанските научници сега го открија совршениот метод за готвење јајца и споделија со остатокот од светот колку долго треба да се готват јајцата.
Научниците од Универзитетот во Неапол ги објавија резултатите од својот експеримент во списанието Nature Communications Engineering и започнаа со основниот проблем за готвење јајца – жолчката и белката се готват на различни температури (белката од јајцето во вода која е 85 степени Целзиусови, а жолчката на 65 степени Целзиусови).
Повеќето од нас се помириле со овој факт, па затоа ги вариме јајцата околу 10 минути ако сакаме цврста жолчка и белка или 5 до 6 минути ако сакаме жолчката да биде помалку течна. Сепак, овие научници мислеа дека мора да има подобар начин, па ја решија дилемата преку компјутерски софтвер за динамика на течности.
Треба да се готват 32 минути
Симулациите предложија метод на наизменично менување на јајцата од едно во друго тенџере – во едното водата се чува на точка на вриење од 100 степени Целзиусови, а во другото водата е млака, до 30 степени Целзиусови. За најдобри резултати, компјутерскиот модел предложи да се префрла јајцето од едно во друго тенџере на секои две минути, точно 32 минути.
Тие ги свариле јајцата токму на тој начин и излегува дека јајцата на тој начин имале многу подобра текстура и подобри хранливи својства, а хемиската анализа покажала дека вака варените жолчки содржат повеќе полифеноли, корисен микронутриент.