Балкан

„Зошто не ги спомнавте и вонземјаните во заговорот“: Ѓуриќ за наводната подготовка на атентатот на Курти

„Зошто не ги спомнавте и вонземјаните во заговорот“: Ѓуриќ за наводната подготовка на атентатот на Курти

Амбасадорот на Србија во САД, Марко Ѓуриќ, изјави дека тврдењата дека се подготвува атентатот на косовскиот премиер Аљбин Курти се „научна фантастика“.

Ѓуриќ овие наводи ги поврза со „фијаското“ што, како што рече, Курти го доживеал во Советот за безбедност на ОН, кога „13 од 15 членки изразија сериозна загриженост за неговите потези“.

„Има ли подобар начин да се сврти приказната отколку да се прикаже како жртва личноста која прогонува, апси и чисти една етничка група и секако да се обвини Србија. Зошто не ги спомна и вонземјаните во тој заговор“, напиша Ѓуриќ на социјалната мрежа Х.

Косовската радио-телевизија (РТК) претходно објави дека добиле информации од „сигурни извори од безбедносните институции на Косово“ за обидот за атентат врз Курти, кој наводно стои зад Србија.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни