Новороденче починало само еден ден откако било родено во болницата во Битола, а потоа и транспортирано за Скопје

Новороденче починало само еден ден откако било родено во Клиничката болница во Битола. Несреќата се случила пред четири дена, а бебето било родено претходниот ден во петокот на 14 јули со царски рез.

Во сабота бебето било транспортирано во Скопје, од каде родителите биле известени дека починало.

Таткото од Ресен обвинува дека не бил известен на време за лошата состојба, и не му било овозможено да го види пред да се направи транспортот.

Од Клиничката болница велат дека состојбата на детото одеднаш се влошила и морало да биде транспортирано за Скопје, за што ги известиле и родителите од кои барале согласност.

„Се породи во петокот и докторот и помошниот тим ми го честитаа синот. Рекоа дека е во ред. Сопругата истиот ден околу 19 часот на телефон ми јави дека медицинска сестра ѝ рекла дека бебето не е во ред. Ѝреков да им го даде телефонот да ме побараат. Но, повик не добив и мислев дека е во ред. Другиот ден кога ја посетив во 15 часот ми кажаа дека синчето е во критична состојба и да сум се молел на Бога. Организираа транспорт и јас не го видов пред да го пратат за Скопје, не ни знам дали живо го изнесоа одовде”, вели таткото Драгољуб Китоски за САКАМДАКАЖАМ.

„Ќе ангажирам адвокат и ќе тужам. Имаа на располагање 18 часа да ми го спасат синот или да ме информираат дека е во лоша состојба, да барав начин итно да го пренесам во Скопје. Додека траеше транспортот не бев повикан како родител да присуствувам. Не го видов пред да го извадат, да видам дали е живо“, вели таткото.

Од Клиничката болница Битола соопштија дека пациентката била во поодмината бременост и се жалела на болки веќе два дена. Ѝ бил направен царски рез, а ова ѝ била трета неуредно контролирана бременост, со претходни еден царски рез и еден спонтан абортус.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното