ЗНАМ ги објави кандидатите за во Влада

Движењето ЗНАМ на Максим Димитриевски вечерва на седница на Централен одбор ги утврди кандидатите за во новиот состав на Владата.

Потоа на прес конференција ги соопшти Никола Мемов, портпарол на ЗНАМ.

„Игор Филков, роден во 1979 година, е кандидат на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија за министер за правда, а Горан Минчев (1972) е кандидат за министер за администрација“, порача Мемов.

Тој кажа дека преговорите со коалициските партнери во идната влада продолжуваат и за две заменик министерски места, но дека тие се уште не се дефинирани.

Исто така, ЗНАМ ќе преговара и за позиции во третиот ешалон односно за директорски функции.

Движење ЗНАМ – За наша Македонија на Парламентарните избори освои шест пратенички места во Собранието, а потпретседателката на партијата, Весна Бендевска, е една од тројцата потпретседатели на Парламентот.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното