-13 утрово во Берово, студено утро со магла

Минималните температури во земјата утрово се движеа од -13°C во Берово до 1°C на Попова Шапка. Во Скопје, температурата во Петровец и Зајчев Рид изнесуваше -2°C.

Висината на снежната покривка, измерена во 07:00 часот, е најголема на Попова Шапка (52 cm), по што следуваат Маврови Анови со 45 cm и Битола со 18 cm.

Претпладнето ќе биде студено со магла во одделни котлини, додека преку денот времето ќе биде сончево и тивко со мала до умерена локална облачност. Максималните дневни температури ќе достигнат до 4°C во котлините со магла, додека во другите делови на земјата ќе се движат од 2°C до 12°C.

Во Скопје, утрото студено со магла, а преку денот се очекува сончево и тивко време со мала до умерена облачност. Максималната дневна температура во главниот град ќе достигне до 4°C.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното