Ваква е состојбата пред интерните клиники во клиничкиот кампус „Маја Тереза“. Иако се постојат информативни табли на три јазици, македонски, албански и англиски, пациентите не знаат каде треба да се упатат и најчесто прашуваат каде треба да одат.
Лепа Стоилковска е една од волонтерките која ќе помога на граѓаните од 8:30 до 12 часот, секој работен ден. Таа сега е пензионерка , а инаку работела како медицинска сестра во ендокринилогија.
„43 години работев во оваа клиника. Сега сум две години во пензија и еве решив да волонтирам. Да помагам на пациентите. Да бидам од помош. Да се активирам да не ми биде досадно дома“, вели Стоилковска.
Дали сметате дека граѓаните често пати не знаат каде да се упатат?
„Да јас кога работев и ќе излезев по некоја потреба надвор и ќе ме сретнеа најмалку 10 пациенти и ме прашуваа дека не знаат каде да одат. И јас ги упатував нормално“, рече Стоилковска.
Истражувањата кои го спровело Министерството за здравство покажало дека пациентите имаат проблем со снаоѓањето во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
„Верувам дека ова ќе биде проект кој значајно ќе го олесни движењето на пациентите низ Клиничкиот центар. Ќе го скрати времето на лутање на некој начин доколку не знаат каде треба да одат. Поефикасно ќе биде упатувањето од една во друга клиника“, рече министерот Венко Филипче.
Волонтерите се од Црвен Крст кои поминале обука за основите на првата помош, комуникација и техники за комуницирање, како и психолошка поддршка.
„Ангажирани се 15 волонтери. Нивсната првенствена улога ќе биде во упатување, значи да олеснат во упатувањето и да помогнат на надминување во некои административни во клиниките. Значи ќе помогнат на пациентите за подобар контакт со со сестрите, медицинскиот персонал, помош околу термините кои се закажани“, изјави Саит Саити од Црвен Крст.
Волонерите ќе има на Клиниките за онкологија, гинекологија, инфективна, кардиологија, за детски болести, хируршки и интерни клиники. Имаат свои информативни места каде граѓаните може да се обратат за помош. Се делат и флаери со мапа на која се наоѓаат универзитетските клиники и како да се стигне до нив.
