18 прекршоци откриени на Охридското Езеро: ноќно пловење, претовар и нерегистрирани пловила

Капетанијата на пристаништа изрече вкупно 18 прекршочни мерки за непочитување на правилата за пловење во Охридското Езеро, откако беа спроведени редовни и вонредни контроли над пловните објекти во изминатиот период.

Како што информира капетанот Илија Арнаудоски, санкциите се однесуваат на случаи на ноќно пловење, непоседување уверение за управување со чамец, неистакната регистарска ознака, а еден катамаран бил казнет поради претовар на патници.

„Направени се три редовни надзори на бродови, четири вонредни контроли на катамарани, два на пасари со надградба, како и 19 вонредни контроли на кајчиња. Вкупно се констатирани 18 прекршоци, од кои најмногу за небезбедно ноќно пловење“, изјави Арнаудоски.

Капетанијата најавува засилени контроли во наредните месеци, особено во летната сезона, во соработка со езерската полиција. Упатен е и апел до сите сопственици на пловила навремено да ги регистрираат чамците и строго да ги почитуваат безбедносните прописи за пловидба.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното