185 килограми марихуана запленети во викендичка на Огражден

Струмичката полиција заплени околу 185 килограми марихуана. Марихуаната која била спакувана во 80  полиетиленски вреќи е откриена во викенд куќа  во населбата Суви Лаки во атарот на општина Берово. Сопственик на куќата е 63 годишен струмичанец, но истата ја користел и неговиот 21 годишен син. Дрогата била откриена откако полицијата извршила претрес во куќата за кој претходно наредба издал судија од беровскиот суд.

,, Врз основа на наредба од судија на претходна постапка при Основен суд – Берово,  извршен е претрес на дом и помошни простории   при што во помошна просторија остава-шупа пронајдена е марихуана спакувана во  18 полиетиленски кеси со маса од околу 185 килограми.
По преземените истражни дејствија, во викенд куќата исто така пронајдена е марихуана. Лицето  М.П 21 госишен  од Струмица е лишено од слобода и задржано во просториите на СВР Струмица,,. рече ХРИЗАНТЕМА РЕНДЕВСКА ПОРТПАРОЛ НА СВР СТРУМИЦА

Од полицијата информираат дека интензивно работат на расчистување и документирање на настанот по што ќе биде поднесен соодветен поднесок. Во меѓувреме се  трага по уште две лица кои најверојатно се инволвирани во овој случај.

Фото за вовед: 
Категорија: 
Новинар: 

Извор: Сител