25.000 дози вакцини од Астра Зенека ќе бидат уништени, им истекува рокот

Ако сепак некој се одлучи да прими вакцина, а тоа да е од производителот британско-шведско производител Астра Зенека, во Македонија повеќе нема да може да ја прими. 25 илјади дози од овие векацини ќе бидат уништени затоа што на крајот од месецов им истекува рокот, а со оглед на тоа што се двете дози се примаат во растојание од шест недели, овие вакцини едноставно не можат да бидат потрошени. Може да се прими само втората доза, и тоа граѓани над 60 години.

Од министерството за здравство соопштија дека во мометов се располага со 252.680 дози вакцини од производителот Фајзер, чиј рок истекува во февруари 2022-ра, околу 25.000 од производителот Астра Зенека, чиј рок истекува на крајот од ноември, и 5000 од производителот Синовак кои се со рок до 2023 година.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното