Во Охрид во 11 часот и 51 минута регистриран е земјотрес со јачина од 3,3 степени по Рихтер.
Според информациите на ЕМСЦ, епицентарот на земјотресот е кај селата Мали Влај и Радожда недалеку од македонско-албанската граница.
Длабочината на епицентарот е 5 километри.
Дел од жителите на Охрид коментираат по друштвените мрежи дека го осетиле земјотресот.