3-годишната Влера е хероина за својот татко – Од Качаник во Скопје за да се борат со леукемијата

Влера Хашани има три години и е болна од
леукемија. Заедно со својот татко, Мухамет, мајката и својот брат, дошла во
Скопје за да учествува на маршот за деца болни од карцином. Влера ја победила
болеста и тоа е причината поради која танцуваше во Градски парк Скопје.

Родителите многу добро се сеќаваат на моментот кога дознале дека нивната ќерка боледува од леукемија и затоа нејзината мајка се уште нема сила да зборува пред камера. Откако инсистиравме, зборуваше нејзиниот татко.

„Ќерката имаше проблеми со нозете и ја однесовме на вонреден преглед, но поради тоа што лекарите беа добри, им благодарам и на медицинските сестри и на лекарите, ни рекоа да отидеме да направиме подетална анализа. Ја оставивме ќерката таму. По три дена ја боцнале во градите. Пет дена подоцна ги добивме резултатите. И ни ја кажаа лошата вест. Можеби претерувам, но го молам Бога, моето дете да биде последното“, истакна Мухамет Хашани.

Влера живее во Качаник, но се лекувала во Скопје бидејќи, како што рече таткото Мухамет, тамошниот здравствен систем не е на потребното ниво. Се лечела бесплатно бидејќи нејзините родители се од Северна Македонија. Задоволни се од престојот во болница, но велат дека може да се направи повеќе во делот на храната.

„Во болницата се беше многу добро. Само има проблем со храната, друго се беше во ред“, додава Хашани.

За храната го прашавме министерот Венко Филипче, но тој не упати кај Службата за заеднички работи на Клинички Центар.

Бени Шаќири, кој ги забавуваше со музика децата болни од карцином освен во храната, проблем гледа и во целиот здравствен систем.

„Мислам дека ракот стигна до фаза при што стана како епидемија или грип. Системот иако се соочува со многу тешкотии, мислам дека не се прави доволно“, истакна Бени Шаќири.

За лекување на децата болни од карцином, важна е и свеста на родителите. Мухамет има една порака.

„Да се грижат за детето, да го носат на соодветни места. Да не го малтретираат детето по народни бањи или друго. Оваа болест може да се лекува“, додава Хашани.

Влера го добила епитетот хероина од Мухамет. Тој посакува како неа да бидат и 20те други деца во Северна Македонија кои се болни од карцином.

Извор: ТВ21

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното