На 07.03.2026 во 15:20 часот на ул.„Киро Ристовски Дрнц“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода В.М.(32) од Тетово, постапувајќи по претходна пријава од 37-годишна жена од Тетово дека нејзината 15-годишна ќерка живее со В.М. и тој не и дозволува комуникација со родителите.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
