34 години од историското признавање: Бугарија беше првата земја што ја призна независноста на Македонија

На денешен ден пред точно 34 години, Бугарија стана првата држава во светот која официјално ја призна независноста на тогашна Република Македонија.

Овој историски чекор на 15 јануари 1992 година дојде како потврда на волјата на граѓаните изразена на референдумот од 8 септември 1991 година.

Одлуката беше донесена со декларација на бугарското Народно собрание, а клучна улога во процесот одигра тогашниот премиер Филип Димитров.

Иако се соочил со внатрешни противења и притисоци од големите западни сили, Димитров, заедно со тројца министри, инсистирал на безусловно признавање на суверенитетот.

По овој потег, со посредство на тогашниот бугарски претседател Жељу Желев, следеше признавање и од Русија и Турција.

Денес, и покрај тековните политички тензии меѓу Скопје и Софија, овој датум останува забележан како еден од најважните моменти во македонската меѓународна афирмација.