5 години не може да се изгради градинка, а додека се изградат децата ќе кои чекаат ќе бидат средно

Владата троши пари за изградба на детски градинки, но додека да бидат пуштени во употреба, децата веќе размислуваат каде да се запишат во средно, објави Телма.

Дел од градинките кои почнаа да се градат во 2020 година, сè уште не се завршени, а на некои не им се гледа ни крајот.

Ревизијата на јавните инвестиции за обезбедување капацитети и услови за детска заштита во детските градинки од 2020 до 2024 и констатира значајни слабости во планирањето, управувањето и реализацијата на инвестициите, што резултира со недоволна искористеност на вложените средства.

Ревизијата опфатила 11 градинки кои се градат или прошируваат со буџетски средства и 16 со заем од Светската банка. Од 27 градинки, 21 е завршена и предадена на општините, но од нив во 2024 година само 15 биле пуштени во употреба и примале деца. Уште неколку биле пуштени по завршувањето на ревизијата. Капацитетот требаше да се зголеми за 3000 деца, но е зголемен за околу 1700. Побрзо се реализираат тие со пари од Светска банка, доцнат тие со буџетски пари. Од буџетот биле потрошени 4,3 милиони евра за градинки, но 3,5 милиони се потрошени, а градинките не се завршени.

Читај повеќе на Телма

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното