Пет милијарди фунти, односно околу шест милијарди евра, се ставаат на располагање за Македонија по денешниот состанок во Лондон, изјави Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.
„Овие средства се потврдени и дефинитивно ставени на располагање за проектно финансирање. Станува збор за средства кои ќе се користат исклучиво за конкретни проекти и ќе донесат додадена вредност на државата“, истакна Николоски.
Проектите опфатени со оваа финансиска поддршка се од областа на транспортот, енергетиката, здравството, образованието и заштитата на животната средина. =3
Николоски откри дека веќе се разговара за три приоритетни групи проекти:
- Изградба на брза пруга на Коридорот 10 – делницата Табановце – Гевгелија.
- Реконструкција и изградба на болници во Кичево, Тетово и Штип.
- Изградба на нов Медицински факултет со студентски дом во Штип.
„По потпишувањето на договорот меѓу двете влади утре и неговата ратификација во македонското Собрание, ќе започнат официјалните разговори околу моделите на финансирање и реализација на проектите“, додаде Николоски.