650 лица во Македонија живеат без лични документи

Дискриминација и неостварување на основните човекови права. Со овие проблеми секојдневно се соочуваат лицата без документи за лична идентификација.

Во Македонија се евидентирани 650, но според неофицијалните податоци, нивниот број е многу поголем.

Проблемот со неможноста лицата да ги остварат своите граѓански права не е само правен, туку и социјален.

На дебата беа презентирани два можни правци за решавање на проблемот, кој ја прави Македонија единствена земја каде што правно не е уредено ова прашање. 

Владата треба да избере еден од овие два модела, а предвидено е овој проблем да се реши во првиот квартал од 2019 година.

Фото за вовед: 
Категорија: 

Извор: Сител