68 од повредените во пожарот во дискотеката Пулс во Кочани се на лекување во медицински центри надвор од Македонија.
Еден пациент е отпуштен од медицинскиот центар во Љубљана и продолжува со лекување во друга држава, каде лицето е покриено со здравствено осигурување, информираат од Министерство за здравство.
За следните денови се најавени неколку отпуштања по завршувањето на протоколарната процедура.
Состојбата на пациентите кои се лекуваат во странство, вклучувајќи ја и состојбата на критичните пациенти, останува непроменета.
На клиниките во Скопје се лекуваат 11 лица, од кои шест на Хируршката клиника „Свети Наум Охридски“, двајца на Клиниката за токсикологија, еден пациент останува на Клиниката за пластична хирургија, каде тројца се пуштени на домашно лекување, а двајца во „Систина“.