73 патници земале 360.000 евра народни пари за патни трошоци

73 народни избраници за 11 месеци инкасирале 360.00 евра народни пари за да ги покријат своите патни трошоци, јавува Сител телевизија.

Според информациите на телевизијата, народните избраници од најголемата владејачка партија, СДСМ, пријавиле најмногу патни трошоци, односно 23 пратеници добиле 133.000 евра.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ пак, е втора на оваа листа или 23 пратеници од оваа партија побарале 132 илјада евра за патни трошоци.

Апсолутни рекордери за оваа година се Мирче Аџиоски, Јадранка Поцкова и Сурија Рашиди, на чии сметки легнале од 706 до 770 илјади денари.

Целата вест можете да ја прочитате ТУКА!

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното