Осумдесет и тригодишен маж го загубил животот во пожар што утрово избувнал во куќа во Берово.
Како што информира Министерството за внатрешни работи, пожарот бил пријавен денеска во 06:25 часот во ОВР Берово.
Огнот избувнал во куќата на С.Б.(83), а на местото интервенирала Територијалната противпожарна единица Берово, која го изгаснала пожарот.
Според првичните информации, мажот починал како последица на интоксикација од чад. Смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош.
Увид на местото извршиле јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Берово.